Здраво, брзо и едноставо – ќе уживате во ова јадење…
Состојки:
- 3 тиквици со средна големина
- 5 јајца
- 200-300 гр фета сирење
- 200 мл кисела павлака
- 1 чаша од 2 дл масло
- 1 чаша од 2 дл гриз
- 4 лажици бело брашно
- прашок за печиво
- сол по вкус
- кашкавал по желба
Начин на подготовка:
- Изрендајте ги тиквиците со кора, додајте гриз, брашно и прашок за печиво. Добро измешајте, направете вдлабнатини во мешавината па додајте павлака, јајца и масло.
- Сè добро измешајте, па ренданото фета сирење додајте го во смесата убаво да се соедини. На крај можете да изрендате и малку кашкавал.
- Префрлете во намастен плех и печете околу половина час во претходно загреана рерна на 210 степени.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт