Пастирска погача по стар рецепт.
Состојки:
- 15 лажици брашно
- 1 шолја кисело млеко
- 1/2 шолја масло
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка сол
- 1 јајце
Начин на подготовка:
- Во чинија ставете брашно, сол, сода бикарбона, додајте масло, јајце и кисело млеко. Замесете фино глатко тесто да не се лепи за раце. На хартија за печење растегнете погача.
- 2 лажици студена вода измешајте со 2 лажици млеко и премачкајте ја целата погача. Со тапата страна на ножот втиснете коцки во погачата. На секоја коцка ставете малку сол.
- Печете во рерна на 30 минути на 180 степени.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи