Едноставно јадење кое сите ќе го обожаваат…
Состојки:
- 1 кг компири
- 1 шолја ориз
- малку сол
- малку бибер
- 2 главици кромид
- 100 мл масло
Начин на подготовка:
- Компирите излупете ги и исечкајте ги на тенки кругови. Оризот измијте го и згответе го кратко во вода. Кромидот ситно исечкајте го и пропржете го на малку масло.
- Потоа во тепсија, која претходно сте ја намастиле, ставете ред ориз, посолете, додајте бибер и динстан кромид, па потоа наредете ред компири.
- Тепсијата ставете ја во загреана рерна, додајте малку топла вода и печете додека компирите не поруменат. Пред крајот на печењето компирите прелијте ги со кајмак или павлака. Послужете како самостален оброк со салата.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи