Ова пикантно и вкусно јадење се подготвува многу едноставно и брзо…
Состојки:
- 4 лажички лук во прав
- 4 парчиња пилешко филе
- 4 поголеми парчиња сланина или 8 помали
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Лукот во прав посипете го по пилешкото месо и посолете и побиберете по вкус. Преку пилешкото ставете гранче рузмарин, па прекријте со сланина. Свиткајте ролни и прицврстете ги со чепкалки.
- Пилешкото печете го во тава или на скара околу 8 минути од секоја страна или додека месото убаво не се испече.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо