Со ќебапите и плескавиците, кои традиционално се печат на скара, многумина сакаат и печено пилешко. За да постигнете крцкавост и одличен вкус, маринирајте ги парчињата месо неколку часа пред печење – и тоа со овие трикови и совети.
Искусни готвачи тврдат дека одлична маринада може да се направи од само три состојки – јогурт, лук и сол.
Во сад измешајте јогурт и сол со лук – количината зависи од килограмите месо што го имате, а најдобро е да користите една лажица сол со лук на секоја шолја јогурт.
Секако, ништо не ве спречува да додадете зачини по желба.
Прелијте ја маринадата врз пилешкото, ставете го во кеса и оставете го во фрижидер преку ноќ, или најмалку шест часа пред печењето.
Кога ќе дојде време за скара, едноставно избришете го вишокот со хартиена крпа и печете.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи