Еве како да направите тесто за пица

Еве како да направите тесто за пица

Ретко можеме да слушнеме дека некој не сака пица. Вкусното тесто и филот по избор ја прават идеален оброк. И додека некои сакаат дебело и меко, други сакаат крцкаво и тенко тесто.

Ние ви донесуваме рецепт за златната средина – тесто кое од надвор е крцкаво, а од внатре меко.

Состојки:

  • 1 кесичка сув квасец
  • 0,5 кг глатко брашно
  • 1 лажичка сол
  • 2,5-3 дл млака вода

Начин на подготовка:

  1. Измешајте брашно, сол и квасец, додајте вода и мешајте со раце така што ќе добиете лепливо тесто. Прекријте со крпа и оставете го на топло место да надојде час и половина.Намачкајте ги рацете со масло и обликувајте две топки. Секоја растегнете ја по намастен плех, ставете фил па печете 15 минути во печка загреана на 180 степени.
  2. Избор за фил: Освен што на пицата можете да ставите класични намирници како сирење, печурки и шунка, можете да направите и здрава верзија – со спанаќ кој е богат со железо и пиперки кои се богати со витамин Ц.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text