Салата од тестенини со песто и фета

Салата од тестенини со песто и фета

Ова јадење може да биде послужено како ладна салата со тестенини и зеленчук или како главен оброк со топли тестенини.

Состојки:

  • 250 гр тестенини
  • 2 лажици песто сос од босилек
  • 1 чаша кисела пвалака Пекабела
  • 100 гр фета сирење
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици сечкани суви домати
  • 1 шолја свежи листови босилек
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во чинија измешајте песто, павлака и маслиново масло. Во оваа мешавина додајте зготвени и изладени тестенини. Додајте издробено фета сирење, исечкан босилек и сушени домати.
  2. Измешајте и послужете како едноставен брз ручек, или послужете како салата или прилог.

Добар апетит!

singlepost_text