Ролат од обланда со фил од кекс

Ролат од обланда со фил од кекс

Ролат кој се топи во уста…

Состојки за прв фил:

  • 110 гр шеќер
  • 200 мл вода
  • 155 гр мелени бисквити

Состојки за втор фил:

  • 105 гр маргрин
  • 5 лажици вода
  • 105 гр шеќер
  • 95 гр млеко во прав
  • 4 лажици кокос
  • 50 гр бело чоколадо

Начин на подготовка:

  1. За првиот фил, карамелизирајте го шеќерот па додајте вода, згответе и додајте бисквити, измешајте па рамномерно намачкајте по обландата.
  2. За вториот фил, растопете маргарин на слаб оган, додајте вода, измешајте, па додајте шеќер и мешајте додека шеќерот не се растопи. Тогаш додајте млеко во прав измешано со кокос, измешајте и тоа додајте го во растопеното чоколадо, па рамномерно распоредете по првиот фил и свиткајте.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

singlepost_text