Идеја за ручек: Бело месо во ароматичен сос

Идеја за ручек: Бело месо во ароматичен сос

Бело месо во ароматичен сос – брзо и вкусно јадење.

Состојки:

  • 500 гр пилешко филе
  • 2 главици кромид
  • 2 пиперки
  • 3 лажички слатка пиперка
  • 1 лажичка оригано
  • 1/4 лажичка чили
  • 4 чешниња лук
  • 3 домати
  • 100 гр тврдо сирење
  • 200 мл павлака за готвење
  • копар

Начин на подготовка:

  1. Месото се сече на коцки и се пржи на путер, а кон крајот се додава ситно сечканиот кромид. По 5 минути додадете ситно сечкана пиперка и продолжете со пржење.

     

  2. Кога малку ќе омекне, посолете и побиберете, па посипете со слатка пиперка, чили и оригано. Додадете го мелениот лук и сè добро измешајте. Потоа додадете ги сечканите домати и гответе 8 минути мешајќи.

     

  3. Ставете ја и павлаката за готвење, како и ренданото сирење, па гответе уште 4 минути. Посипете со сецкан копар.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text