Пробајте, сигурно ќе ви се допаднат!
Состојки:
- 3 поголеми компири
- 3 лажици презла
- 1-2 јајца
- сол
- бибер
- листови магдонос
- црвена пипер
- 3 чешниња лук
- 1 главица кромид
Начин на подготовка:
- Компирите исчистете ги, изрендајте ги, посолете и налијте со вода. Оставете 10-15 минути, па добро исцедете. Додајте ситно сечкан кромид и лук, пипер, бибер,јајца, презла и ситно сечкан магдонос. Добро измешајте.
- Правете мали плескавици на дланка, провлечете ги низ презла и пржете ги во масло на тивок оган додека не поруменат. Вадете ги на хартиени салфети и послужете.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи