Јогурт салата со макарони и шампињони

Јогурт салата со макарони и шампињони

Вкусна јогурт салата со макарони и шампињони.

Состојки:

  • 200 гр тестенини
  • 4 лажици масло
  • 1 главица кромид
  • 400 гр шампињони
  • 250 мл кисела павлака
  • 400 мл јогурт
  • 2 рамни лажички сол
  • 1/4 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка сув копар
  • 1 лажичка оригано

Начин на подготовка:

  1. Гответе ги макароните 6-7 минути во зовриена вода со 1 рамна лажичка сол.

     

  2. На средна температура, на 4 лажици масло се динста ситно исечканиот кромид. Додека кромидот се динста, исчистете ги печурките и исечете ги на помали парчиња. Додадете ги во кромидот, како и зачините – 1 лажичка сол, оригано, копар и лук во прав. Динстајте 10 минути, а потоа додадете ги печурките во исцедените макарони, измешајте и оставете да се изладат целосно (1 час). Мешајте на секои 15 минути за да се одвојат макароните.

     

  3. Во изладените макарони додадете претходно измешана павлака и јогурт, нежно измешајте да се распредели рамномерно, па префрлете во садот во кој ќе ја чувате салатата.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text