Колач со суви сливи

Колач со суви сливи

Ако сакате да испечете колач кој е неодолив, а е составен од многу едноставни состојки, ова е рецепт за вас.

Состојки:

  • 5 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 100 гр брашно
  • 100 гр гриз
  • 50 мл масло
  • 1 прашок за печиво
  • 200 гр суви сливи
  • шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер, додајте брашно и гриз измешан со прашок за печиво, додајте масло, сè заедно изедначете па ставете во намастен плех и тоа само половина и убаво распоредете.
  2. Печете на 200 степени 5 минути, па извадете од рерна. Од горе наредете суви сливи (можете да додадете и праска од компот) па ставете го остатокот од тестото и покријте го овошјето.
  3. Печете и понатаму на иста температура уште 30 минути убаво да порумени. Врелиот колач посипете го со шеќер во прав.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text