Шницли од шампињони – брзи и вкусни

Шницли од шампињони – брзи и вкусни

Шницли од шампињони кои ќе ги воодушеват и најголемите љубители на месо…

Состојки:

  • 200 гр шампињони
  • 4 јајца
  • 3 лажици масло
  • 3 парчиња стар леб
  • 3 лажици презла
  • малку млеко
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Шампињоните измијте ги, исушете ги, па исечете ги на крупни парчиња. Во тенџере загрејте масло и на него продинстајте ги печурките.
  2. Во друга тава испржете кајгана од три јајца. Потоа тргнете ги од шпорет тенџерето со печурки и тавата со кајгана. Изладете, па измешајте.
  3. Во меѓувреме, кришки стар леб потопете ги во чинија со млеко. Навлажнетиот леб додајте го во масата со печурки и кајгана, скршете јајце, па зачинете со сол и бибер.
  4. Од смесата правете облици на шницли, извалкајте ги во презла, па пржете ги на врело масло.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text