Вкусна и здрава чорба со прокељ.
Состојки:
- 200 гр прокељ
- 1/2 праз
- 2 моркови
- 1 компир
- 50 гр ориз
- 1 помал домат
- 1 помал целер
- маслиново масло
- сол
- бибер
- листови магдонос
Начин на подготовка:
- На масло пропржете сечкан праз и моркови, додајте сечкан корен целер, и компир сечкан на коцки. Налијте со вода.
- Посолете и додајте мелен бибер. Гответе 20-30 минути. Ставете измиен и исечкан домат. Гответе уште 2-3 минути, а на крај додајте сечкан магоднос.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи