Само измешајте и излејте во плех: Наједноставен рецепт за вкусна пита

Само измешајте и излејте во плех: Наједноставен рецепт за вкусна пита

Наједноставен рецепт за вкусна пита.

Состојки:

  • 1 праз
  • 300 гр зелка
  • 2 компири
  • 2 моркови
  • 1 пиперка
  • копар
  • магдонос
  • 4 јајца
  • 4 лажици маслиново масло
  • 4 лажици млеко
  • 100 гр брашно
  • 1 лажичка бибер
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 кесичка прашок за пециво

Останати состојки:

  • 50 гр тврдо сирење
  • сусам

Начин на подготовка:

  1. Исецкајте го празот, копарот и магдоносот, изрендајте компири и моркови. Се меша во сад, па се додава пиперката исечкана на коцки и зелката на ленти. Во друг сад изматете ги посолените и побиберени јајца, па додадете ги маслото, млекото, брашното и прашокот за печиво. Се добро измешајте и прелијте преку зеленчукот. 
  2. Ставете во плех обложен со хартија за печење и израмнете. Се пече во рерна на 180°C околу 30 минути, па се вади и се посипува со рендано сирење и сусам, па се враќа уште 15 минути.

https://youtu.be/AnPSsoEn2Ls

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text