Направете тесто за пица за само 10 минути.
Состојки:
- 80 мл топла вода
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка инстант квасец
- 135 гр брашно
- 1 лажица маслиново масло
Начин на подготовка:
- Во водата ставете шеќер и квасец и измешајте, па оставете да отстои околу 3-5 минути. Во друг сад измешајте брашно, сол, маслиново масло, додадете го активираниот квасец и мешајте додека состојките не се соединат. Извадете го тестото на набрашнета површина и премесете го неколку пати. Расукајте во тенок круг и наредете ги состојките по желба.
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо