Пилешко со сусам: Крцкаво и вкусно – ручек за половина час

Пилешко со сусам: Крцкаво и вкусно – ручек за половина час

Вкусен рецепт за пилешко месо.

Состојки:

  • 600 гр пилешко филе
  • сол
  • 2 јајца
  • презла
  • бибер
  • сусам
  • пченкарно брашно
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Месото измијте го и исушете го, па исечкајте го на парчиња. Посолете и посипете со малку мелен бибер. Оставете го месото да отстои 15-20 минути.
  2. Во сад измешајте 5-6 супени лажици презла, исто толку сусам и уште толку пченкарно брашно.
  3. Можете да користите и пченкарен гриз. Разматете две јајца. Ставете хартија за печење во плех. Претходно загрејте ја рерната на 220 степени.
  4. Потопете го месото прво во јајца, потоа во смесата за поховање. Добро испоховајте од двете страни и наредете го во плех, со мало растојание. Секое парче посипете го со малку масло, па испечете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

 

 

singlepost_text