Запечено мелено месо во павлака – ручек за половина час

Запечено мелено месо во павлака – ручек за половина час

Брз и вкусен ручек од мелено месо.

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 2 парчиња праз
  • 1 јајце
  • 50 гр презла
  • 2-3 лажици маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • сув зачин
  • 2 јајца за прелив
  • 150 мл павлака за готвење за прелив
  • сол за прелив

Начин на подготовка:

  1. На малку маслиново масло пропржете го меленото месо. Додајте исечкан праз, па зачинете со сол, бибер и зачин. Динстајте на слаб оган десетина минути. Тргнете од оган, додајте презла и разматено јајце. Добро соединете, па ставете во огноотпорен сад кој сте го премачкале со малку путер или маргарин и сте го посипале со брашно. Печете на 200 степени 15-20 минути. 
  2. Разматете јајца и павлака за готвење, посолете по вкус, па ставете преку месото и уште кратко запечете. Печеното јадење изладете го, па исечкајте го на парчиња и послужете со сезонска салата.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text