Брзи и вкусни крокети од пилешко месо и шунка.
Состојки:
- 300 гр пилешко месо
- 200 гр шунка Пекабеско
- 200 мл павлака
- 1 јајце
- презла
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Месото обварете го, одвојте го од коски и ситно исечкајте го. Шунката исечкајте ја на коцки. Во сад измешајте месо, шунка, павлака, жолчка, 1 лажица презла. Посолете, побиберете и добро измешајте.
- Од подготвената смеса со намастени раце обликувајте крокети. Крокетите извалкајте ги во разматена белка па во презла и пржете ги во врело масло. Во презлата можете да измешате сусам.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт