Малку јајца, масло, сенф и уште неколку намирници за совршен домашен мајонез.
Состојки:
- 1 цело јајце
- 2 жолчки
- 2 лажици јаболков оцет или оцет по ваш избор
- малку вода
- лажица сенф
- растително масло
- сол
Начин на подготовка:
- Јајцето, жолчките, оцетот и водата измешајте ги да бидат со дебелина од два прста. Потоа додадете сенф, малку сол и прелијте со масло (4 прсти) и сè измиксајте. Можете да додадете и бибер.