Италијански ќофтиња: Совршени со шпагети и макарони

Италијански ќофтиња: Совршени со шпагети и макарони

Вкусни италијански ќофтиња…

Состојки:

  • шолја презла
  • половина чаша млеко
  • килограм мелено мешано месо
  • главица кромид
  • три чешниња лук
  • две јајца
  • чаша пармезан
  • литар сос од домати
  • сол, бибер, масло, магдонос

Начин на подготовка:

  1. Соединете ги млекото и презлата и оставете да отстои 15 минути. Во поголем сад измешајте ги месото, исечканиот кромид и лук, јајцата, пармезанот, солта, биберот и магдоносот, додајте ја смесата со млеко и презла и сè убаво измешајте.

     

  2. Формирајте ќофтиња и пржете во голема тава на врело масло додека не поруменат. Додадете го доматниот сос, намалете ја топлината и крчкајте додека не згусне. Послужете со тестенини или пире од компири.

Добар апетит!

singlepost_text