Сочна и слатка пита од овошје.
Состојки:
- 4-5 јајца
- 200 гр маргарин
- 100-200 гр шеќер во прав
- 1 прашок за печиво
- кора од лимон
- 1 ванилин шеќер
- 400 гр брашно
- 1 мала шолја млеко
- 600 гр рендани јаболка
- шеќер за јаболката по желба
- 100 гр мелени ореви
- 200 гр смрзнати малини
- малку цимет
Начин на подготовка:
- Сѐ добро измешајте. Јаболката изрендајте ги па зашеќерете ги по желба, додајте малку цимет и мелени ореви.
- Намастениот плех посипете го со шеќер. Ставете половина од тестото па на него половина од малините па рендани јаболка, па повторно малини и остатокот од тестото. Печете на 200 степени околу 40-50 минути. Сечете кога ќе се излади.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути