Посни мекици – меки и вкусни, се топат во уста

Посни мекици – меки и вкусни, се топат во уста

Посни мекици со фино полнење од динстана, млада зелка…

Состојки:

  • 900 гр бело брашно (уште малку за да се премеси)
  • 400 мл млака вода
  • 100 мл масло
  • 1 лажичка шеќер
  • 1,5 лажичка сол

Состојки за фил:

  • 500 гр зелка
  • 2 лажици масло
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка ситна црвена пипер
  • малку бибер
  • 100 мл вода

Начин на подготовка:

  1. Квасецот измешајте го со 100 мл млака вода, шеќер и 2 лажички брашно па оставете да надојде. Додајте го остатокот од водата, масло и брашно кое претходно сте го просеале и посолиле. Замесете меко тесто, па оставете двојно да се зголеми.
  2. За тоа време изрендајте или ситно исечкајте свежа зелка па издинстајте ја на масло и вода, на крај зачинете. Оставете да се излади.
  3. Надојденото тесто развлечете го тенко со сукало, вадете поголеми кругови, секој круг со раце уште малку развлечете го. На средина ставајте по лажица фил, преклопете со друг круг тесто, притиснете ги краевите со прсти, а потоа притиснете ги целите микици.
  4. Пржете ги мекиците во загреано масло од двете страни и ставајте ги на салфета да се исцедат.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

singlepost_text