Здрава чорба која ќе ви помогне во чистењето од токсини.
Состојки:
- 300 гр спанаќ
- 300 гр брокули
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- магдонос
- 1 коренц целер
- 1 компир
- сол
- бибер
- 2 лажици масло
Начин на подготовка:
- Во тенџере издинстајте кромид и целер па додајте спанаќ и брокули. Налијте вода и гответе околу половина час. Сè измиксајте со миксер, додајте сол и бибер и свеж магдонос.
- Доколку сакате да го исчистете телото од токсини, еден цел ден за сите оброци јадете ја оваа чорба и пијте многу вода.
Добар апетит!