Ситни колачи од плазма, млеко и чоколадо – се топат во уста…
Состојки:
- 300 гр слатка павлака
- 230 гр мелена плазма
- 150 гр кондензирано млеко
- 2 лажици карамел фил
Начин на подготовка:
- Во сад измешајте слатка павлака, кондензирано млеко и карамел фил. Матете со жица додека смесата не се соедини, но да остане густа. Потоа полека додајте ја мелената плазма и добро измешајте, па оставете во фрижидер 2 часа. Потоа формирајте топчиња и украсете со рендано или растопено чоколадо.
Уживајте!
Повеќе поврзани вести на Готви.мк:
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)
Диетален појадок што ќе ве држи сити
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко