Направете сами намаз од мортадела и крем сирење.
Состојки:
- 400 гр мортадела
- 500 гр крем сирење
- 100 гр кисели краставички
- 350 гр пченка
- 100 гр печени несолени кикирики
- 1/2 лажичка мелен бибер
- 1 лажичка слатка пипер
- сол по вкус
Начин на подготовка:
- Мортаделата иситнете ја во блендер. Пченката згответе ја вообичаено, исцедете ја и изладете ја. Киселите краставички ситно исечкајте ги, кикириките издробете ги.
- Сите состојки ставете ги во сад за мешање и добро измешајте и соединете.
Добар апетит!
Повеќе поврзани вести на Готви.мк:
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)
Диетален појадок што ќе ве држи сити
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко