Домашен крем намаз од лешник и мед

Домашен крем намаз од лешник и мед

Домашен крем намаз од лешник и мед.

Состојки:

  • 2 мали шолји лешници
  • 1/3 мала шолја мед
  • 1/4 мала шолја какао
  • 1 лажица кокосово масло
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1/8 лажичка хималајска сол

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 190 степени. Плехот обложете го со хартија за печење па распоредете лешници. Печете во рерна 12-15 минути. 
  2. Потоа префрлете ги топлите лешници во сад со капак, па протресете ги како би ја отстраниле лушпата. Исчистените лешници ставете ги во блендер, додавајќи растопено кокосово масло и блендирајте околу 5 минути. 
  3. Додајте мед, какао, екстракт од ванила и сол. Повторно малку блендирајте. Префрлете ја смесата во тегла и чувајте ја во фрижидер.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

singlepost_text