Пилешко зо шампињони и зеленчук – брзо, лесно, вкусно

Пилешко зо шампињони и зеленчук – брзо, лесно, вкусно

Вкусен ручек кој често ќе го павите!

Состојки:

  • 500 гр пилешко месо
  • 1 праз
  • 400 гр шампињони
  • 1 краставица
  • 2 моркови
  • 100 гр зелка
  • 100 гр црвена зелка
  • 50 мл соја сос
  • масло
  • кари

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото, морковите, празот, краставичките исечкајте ги на стапчиња, а шампињоните на листови, зелката на резанки.
  2. На малку масло пропржете моркови малку да омекнат, додајте праз, краставици и шампињони. Додајте зачини по вкус, сол, бибер, вегета. Динстајте додека зеленчукот и месото не омекнат.
  3. Пред крај во пилешкото со зеленчук и шампињони додајте зелка и продолжете со динстање. Потоа додајте соја сос, кари и сè добро измешајте. Сè пржете уште 5 минути. Ручекот е готов.
  4. Како прилог со ова јадење најдобро е да послужите обичен варен ориз.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text