Брз и вкусен ручек.
Состојки:
- 500 гр компири
- 50 гр суви сливи
- 400 гр печурки
- 100 гр сланина Пекабеско
- 4 свински кременадли
- 1 лажица маст
- сол
- бибер
- зачин
Начин на подготовка:
- Исчистете ги компирите со средна големина, исечкајте ги на половини, посолете па ставете во намастен плех со маст.
- Исчистете ги печурките, ставете зачин и малку бибер, па измешајте ги со компирите. Потоа додајте суви сливи и сланина исечкана на крупни делови. Преку наредете кременадли, посипете со билни зачини, ставете 100 мл вода и ставате да се пече на 200 степени.
- Послужете со салата по избор.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи