Време е за одличен овошен десерт…
Состојки:
- 300 гр мелени бисквити
- 200 гр крем банани
- малку рум
- 100 гр путер
- 100 гр суво грозје
- 100 мл сок од јагоди
- 50 гр цели јагоди
Начин на подготовка:
- Во мелените бисквити додајте сок, растопен путер, рум, суво грозје. Добро измешајте и со раце добро обработете. На фолија растегнете мелени бисквити со сукало и наредете по должина по две крем банани и третата од горе и распоредете сечкани јагоди.
- Со помош на фолија свиткајте во ролат и добро стиснете и свиткајте. По желба прелијте со чоколадо. Изладете 2-3 часа во фрижидер.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи