Вкусни поховани батаци – ручек кој ќе го правите често!
Состојки:
- 2 јајца
- 4 лажици брашно
- чипс тортиља
- масло
- сол
- бибер
- лук
Начин на подготовка:
- Батаците залијте ги со вода и додајте зеленчук како за супа. Извадете ги зготвените батаци, а во супата додајте зачин, сол, бибер и резанки.
- Батаците посолете ги, побиберете ги. Измешајте. Чипсот искршете го.
- Секој батак провлечете го низ брашно, разматени јајца и искршен чипс.
- Пржете во длабоко масло, па кога ќе поруменат вадете ги на салфети.
Добар апетит!