Најдобрите макарони со сирење – вкусен и брз ручек

Најдобрите макарони со сирење – вкусен и брз ручек

Макарони со сирење – вкусен и брз ручек.

Состојки:

  • 2 шолји макарони
  • 4 лажици путер
  • 1 лажица изгмечен лук
  • 4 лажици брашно
  • 3 шолји млеко
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1 лажичка чили во прав
  • 2 шолји чедар сирење, изрендано
  • 1 шолја крем сирење
  • 1 шолја моцарела сирење, изрендано

Начин на подготовка:

  1. Згответе макарони, исцедете и измијте со ладна вода. Оставете на страна. Растопете путер во тенџере, па додајте изгмечен лук и динстајте минута. Додајте брашно и добро измешајте смесата малку да порумени.
  2. Потоа ставете млеко и мешајте. Додајте зачини, измешајте и намалете го огнот. Додајте ги сирењата, но после секое додавање добро измешајте. На крај додајте зготвени макарони и мешајте додека не се соедини.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text