Подгответе вкусен ручек од лосос во сос од мед и лук.
Состојки:
- 100 гр мед
- 60 мл соја сос
- 2 лажици сок од лимон
- 3 лажици маслинво масло
- 4 филети лосос
- сол
- бибер
- 3 чешниња лук
- 1 лимон
- магдонос
Начин на подготовка:
- Измешајте мед, соја сос и сок од лимон. На тава загрејте две лажици маслиново масло и наредете лосос со кожата од горе. Печете 5-6 минути, а потоа свртете и додајте ја останатата лажица масло.
- Ставете исечкан лук и мешајте,а потоа и мешавина од мед и лимон исечкан на коцки.
- Почекајте оссот да се редуцира за третина и повремено премачкувајте ја горната страна на лососот.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот