Свински ребра од рерна – меко и сочно месо

Свински ребра од рерна – меко и сочно месо

Ручек кој ќе го обожавате!

Состојки:

  • 2 кг свински ребра
  • 1 шолја кечап
  • 3/4 шолја кафеав шеќер
  • половина шолја бел оцет
  • половина шолја мед
  • 1/3 шолја соја сос
  • 1 лажичка мелен ѓумбир
  • 1 лажичка сол
  • 3/4 лажичка сенф
  • половина лажичка лук во прав
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Исечете ги ребрата на помали парчиња и ставете ги од месната страна нагоре, на решетки во 2 подмачкани тави за печење. Покријте цврсто со фолија. Печете на 180 степени околу час и 15 минути додека месото не омекне. 
  2. Отстранете ги решетките, исцедете и вратете ги ребрата во тепсиите. 
  3. Останатите состојки убаво измешајте ги и прелијте преку ребрата. Печете, непокриено, 30-40 минути или додека сосот не ги прекрие ребрата.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text