Рецепт за најсочното пилешко во сос од лук и мед

Рецепт за најсочното пилешко во сос од лук и мед

Најсочното пилешко во сос од лук и мед.

Состојки:

  • 2 парчиња пилешко филе
  • брашно
  • 60 гр путер
  • 3 чешниња лук
  • млад кромид
  • 1 лажица соја сос
  • 1 лажица оцет
  • 5 лажици мед

Начин на подготовка:

  1. Исечете го месото по должина и попречно за да добиете коцки, но не до крај. Филето треба да остане цело. Убаво зачинете со сол и бибер, па извалкајте во брашно. Растопете го путерот (40 гр), па испечете го пилешкото. 
  2. Младиот кромид и лукот исечкајте ги, па кога месото е готово додадете уште 20 гр путер и сечканиот лук. Потоа ставете соја сос, оцет и мед и убаво измешајте. Месото убаво извалкајте го во сосот, па пред крај посипете со млад кромид.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text