Вкусна паста со печурки: Ручек за 15 минути

Вкусна паста со печурки: Ручек за 15 минути

Вкусна паста со сос од печурки…

Состојки:

  • 300 гр тестенини
  • 2-3 лажици маслиново масло
  • 30 гр путер
  • 1 кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • 400 гр печурки
  • 240 мл бујон од зеленчук
  • 350 мл посна павлака за готвење
  • 1 лажичка темјан
  • 1/4 лажичка мускатно оревче
  • 3-4 лажици сечкан магдонос

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги тестенините да се варат, а во меѓувреме растопете путер со маслиново масло и додадете го ситно исечканиот кромид. Се пржи неколку минути, па се додава ситно сечканиот лук. По една минута додадете ги сечканите печурки, сол, бибер и посипете со темјан. 
  2. Потоа додајте бујон, посна павлака за готвење, малку растително сирење и мускатно оревче. Кога ќе почне да врие, додадете ги исцедените тестенини и измешајте. Украсете со магдонос.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text