Посна Гроф салата: Раскошна славска салата

Посна Гроф салата: Раскошна славска салата

Посна салата со цвекло и компир.

Состојки:

  • 1-2 цвекло
  • 2 компири
  • 2-3 главици кромид
  • 300-400 гр печурки
  • 3-4 кисели краставички
  • посен мајонез
  • 1 млад кромид

Начин на подготовка:

  1. Компирите и цвеклото сварете ги, а потоа излупете ги и изрендајте ги кога ќе се изладат. Исечете ги печурките, па пропржете ги, па извадете ги од тавата и пропржете го исечканиот кромид. Исечете ги и киселите краставички и почнете да ја редите салатата.

     

  2. На тацна ставете обрач, па прво наредете ги компирите, па мајонез, па кромид, па мајонез, па краставиците. Повторно премачкајте мајонез, па цвекло, мајонез и на крај печурки.

     

  3. Украсете со мајонез и сечкан млад кромид.

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text