Супер брзи бомбици – готови за само 5 минути.
Состојки:
- 200 гр кокос
- 2 банани
- 200 гр шеќер во прав
- 200 гр мелени посни бисквити
Начин на подготовка:
- Бананите испасирајте ги и додајте шеќер во прав. Добро измешајте. Додајте 100 гр кокос и мелени бисквити.
- Кога ќе добиете изедначена смеса, со раце обликувајте топчиња и извалкајте ги во останатиот кокос.
Уживајте!