Брза пита со зеленчук и фета – милиони луѓе го погледнале овој рецепт

Брза пита со зеленчук и фета – милиони луѓе го погледнале овој рецепт

Рецепт кој ќе го обожавате!

Состојки:

  • 2 компири
  • 2 домати
  • 3 зелени пиперки
  • 2 млади кромидчиња
  • 4 јајца
  • 1 лажичка сол
  • 100 гр фета сирење
  • 1 чаша масло
  • 1,5 чаши млеко
  • 3,5 чаши брашно
  • 2 кесички прашок за пециво
  • рендано сирење

Начин на подготовка:

  1. Исечете ги компирите, доматите, зелените пиперки и кромидот на мали коцки. Потоа се матат јајцата, па се додава зеленчукот, солта, сечканата фета, маслото и млекото. Добро промешајте.
  2. На крајот додадете брашно и прашок за пециво. Калапот со дијаметар од 32 см премачкајте го со путер. Ставете ја смесата, посипете со ренданото сирење и печете на 200 степени околу 30-35 минути.

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

singlepost_text