Брза и вкусна супа со парчиња пилешко и печурки.
Состојки:
- 500 гр печурки по желба
- 300 гр пилешки гради
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 китка зеленчук за супа
- 200 мл павлака за готвење
- маслиново масло
- сол, бибер
Начин на подготовка:
- На маслиново масло пропржете го пилешкото исечено на мали коцки додека не порумени.
- Во тенџере пропржете ситно сечкан кромид и лук, па додајте моркови исечкани на коцки, целер и магдонос.
- Гответе околу 10 минути, а потоа измешајте ги печурките исечени на листови.
- Динстајте додека не испари вишокот вода, а потоа измешајте го пилешкото и налијте вода.
- Гответе околу 15 минути и измешајте ја павлаката за готвење и оставете да зоврие.
Добар апетит!
Прочитај Gotvi.mk рецепти:
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко