Вкусни шницли од шампињони, мелено месо и сланина.
Состојки:
- 200 гр шампињони
- 200 гр мелено месо
- 2 јајца
- малку презла
- 100 гр сува сланина
- зачини
- 1 главица кромид
- 3-4 чешниња лук
- бибер
- 1 лажичка црвена пипер
- кашкавал
Начин на подготовка:
- Во чинија ставете мелено месо, шампињони, сечкан кромид и лук, јајца, 2 лажици презла, мелена сува сланина, зачин, бибер и пипер. Добро изедначете.
- Вадете од смесата со лажица и ставајте во хартиени корпички.
- Изрендајте кашкавал. Печете на 200 степени 30 минути.
- Послужете со доматен сос, пире од компири или што и да посакате.
Добар апетит!