Слатки погачици готови за миг

Слатки погачици готови за миг

Лиснато тесто се пече и се филува со кремаст фил. Резултатот е прекрасни слатки погачици.

Состојки:

  • 500 гр лиснато тесто
  • 30 мл млеко
  • 200 мл слатка павлака
  • 400 мл кондензирано млеко

Начин на подготовка:

  1. Тестото исечкајте го на квадрати, ставете го на плех обложен со хартија за печење, премачкајте со млеко и печете на 180 степени околу 20 минути. 
  2. Изматете ја слатката павлака, па додадете го свареното кондензирано млеко и соединете. 
  3. Ставете во шприц за колачиња. 
  4. Секој квадрат тесто исечете го на половина. 
  5. Ставете филот, па затворете со друга половина. 
  6. Посипете со шеќер во прав.

Уживајте!

singlepost_text