Проја со пармезан за вкусен доручек

Проја со пармезан за вкусен доручек

Ако сакате пројара додајте во неа пармезан и сланина и ќе добиете уште повкусна од класичната.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 200 гр брашно
  • 100 гр пченкарно брашно
  • 200 мл млеко или јогурт
  • 80-100 мл масло
  • сол
  • 100 гр сланина или шунка
  • 2 лажици пармезан
  • 1 лажичка прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Во чинија разматете јајца, сол, масло, млеко.
  2. Додајте просеано брашно и прашок за печиво. Состојките соединете ги и додајте ситно сечкана сланина.
  3. Намастете тепсија со пречник од 24 см и посипете со брашно, па излејте ја разматената смеса.
  4. Печете на 200 степени околу 40 минути. Треба да фати кора.
  5. Печената пројара – пита прекријте ја со фолија или крпа и оставете да се излади.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Cooking“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text