Тестенини со врган и шампињони

Тестенини со врган и шампињони

Вкусен ручек…

Состојки:

  • 10 гр сушен врган
  • 400 гр свежи шампињони
  • 400 гр тестенини
  • сол
  • 2 лажици маслиново масло
  • бибер
  • 1/2 лажичка рендана кора од лимон
  • зачински треви
  • 30 гр пармезан

Начин на подготовка:

  1. Омекнете го врганот во 250 мл топла вода. Свежите печурки исчистете ги и по желба исечкаје ги. Згответе ги тестениние според упатрството на пакувањето.
  2. Загрејте масло во голема тава и пропржете ги печурките, се додека не испари цела вода. Посолете и побиберете. Додајте натопен врган заедно со водата, згответе и крчкајте околу 5 минути.
  3. Додајте кора од лимон, магдонос и пармезан и по потреба уште еднаш зачинете. Процедете ја тестенината и измијте ја под млаз студена вода, добро исцедете, па сервирајте со сос од печурки. Украсете со зачински треви, по желба.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

singlepost_text