Фантастичен рецепт за крцкава пита бурек

Фантастичен рецепт за крцкава пита бурек

Фантастичен рецепт за крцкава пита бурек.

Состојки:

  • 1/2 кг тенки кори
  • 200 мл млеко
  • 200 мл кисела вода
  • 1 јајце
  • 50 мл масло
  • 200 гр сирење

Начин на подготовка:

  1. Јајцето добро разматете го со жица, додајте масло, млеко и кисела вода и добро измешајте.
  2. Намачкајте 4 кори со таа смеса и на дното ставете сирење. Кората поделете ја на половина, свиткајте ги рабовите и свиткајте во ролна.
  3. Редете во плех во кој сте ставиле хартија за печење. Секоја ролна исечете ја со остар нож и налијте го остатокот од преливот.
  4. Печете на 200 степени околу 30 минути за течноста да испари и убаво да порумени.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text