Колачиња од наполитанки и лешници

Колачиња од наполитанки и лешници

Брза подготовка, неодоливи посни колачиња…

Состојки:

  • 300 гр крупно сечкани печени лешници + малку мелени лешници за посипување
  • 200 гр наполитанки со лешник, посни
  • 200 гр маргарин
  • 200 гр чоколадо
  • малку мелени посни бисквити по потреба
  • 200 гр чоколадо за прелив
  • 2 лажици мед за прелив
  • 100 гр маргарин за прелив

Начин на подготовка:

  1. Сомелете ги наполитанките и додајте сечкани лешници. Разматете го маргаринот со растопено чоколадо и додајте го во масата од наполитанки и лешници.
  2. Добро соединете и правете топчиња. Ставете ги во фрижидер на два часа да стегнат.
  3. За прелив растопете чоколадо со маргарин и мед. Топчињата со лажица спуштајте ги во чоколадото и извалкајте ги во мелени лешници.
  4. Ако е потребно да бидат поцврсти во топчињата можете да додадете малку мелени посни бисквити.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text