Универзален рецепт за меко тесто за пирошки, кифли, пица…

Универзален рецепт за меко тесто за пирошки, кифли, пица…

Од ова тесто можете да направите пирошки, кифлички, пица…

Состојки:

  • 1 чаша кефир, може и јогурт
  • 1/2 чаша масло
  • 1 кесичка сув квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица шеќер
  • 3 чаши брашно

Начин на подготовка:

  1. Кефирот измешајте го со масло и малку загрејте, да биде топло. Додајте сол и шеќер и измешајте. Квасецот измешајте го со просеано брашно и додајте во претходната смеса. Измешајте со лажица, прекријте со алу фолија или крпа и оставете на топло место половина час. 
  2. За тоа време тестото ќе се зголеми 3 пати. Од ова тесто обликувајте пирошки, кифлички, пица…

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text