Посен колач со ореви, џем и пиво – брза подготовка

Посен колач со ореви, џем и пиво – брза подготовка

Посен колач со ореви, џем и пиво – брза подготовка.

Состојки:

  • 1 чаша брашно
  • 100 гр мелени ореви
  • 250 мл пиво
  • 50 мл маслиново масло
  • 1 прашок за пециво
  • 100 гр шеќер
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 50 гр сечкани урми
  • кора од портокал
  • 1 шолја замрзнато овошје по желба
  • малку џем + сечкани ореви за посипување

Начин на подготовка:

  1. Ставете го пивото и шеќерот во сад и измешајте да се раствори шеќерот. Додадете брашно и прашок за пециво, масло, кора од лимон, сечкани урми измешани со малку шеќер во прав за да не се залепат, кората од портокал, овошјето и убаво измешајте. 
  2. Ставете во плех обложен со хартија за печење. Се пече на 200 степени околу 35 минути. Врз врелиот колач намачкајте малку џем и посипете со сечкани ореви. Исечете кога ќе се излади.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text