Едноставни ситни колачи…
Состојки:
- 100 гр мелени бисквити
- 100 гр мелени бадеми
- 3 лажици какао
- 35 гр путер
- 1 лажица екстракт од ванила
- 3 лажици мед
- бело чоколадо
Начин на подготовка:
- Измешајте ги мелените бисквити, бадемите, какаото, растопениот путер, ванилата и медот. Добро соединете. Покријте со проѕирна фолија и оставете да отстои околу 30 минути. Доколку имате гумен калап ставете ја смесата во него и добро притиснете. Ако немате, можете да ги обликувате топчињата со раце и потоа малку да ги израмните. Ставете во замрзнувач 15 минути и декорирајте со растопено бело чоколадо.
https://youtu.be/PljEvXfuVTE
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот