Стара кафанска турска оброк салата…
Состојки:
- 3 модри патлиџани
- 5 црвени печени пиперки
- 2 главици црвен кромид
- 500 грама сос од домати
- 700 гр. кисела павлака
- масло, магдонос, бибер, сол, црвен пипер
Начин на подготовка:
- Модриот патлиџан исчистете го и исечкајте го, посолете го и пропржете го на масло. Нека се исцеди од маснотиите. На посебно масло пропржете ја пиперката. Потоа во друга тава пропржете ги кромидот и сосот од домати. А потоа во сад наредете ја салатата: на дното ставете павлака, одозгора додадете пиперка, па сос од домати, па модар патлиџан. Зачинете сè и одозгора ставете свеж магдонос. Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Валентина“:
https://youtu.be/HL5kxLyGMA0
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот